Алкараз ќе го пропушти Грен слемот Австралија опен поради повреда

 Шпанскиот тенисер и во моментов прв светски рекет, Карлос Алкарас ќе го пропушти првиот Грен слем во годината, Австралија опен поради повреда која ја доби на тренинг.

-Кога бев во мојата најдобра претсезона, се повредив поради случајно неприродно движење на тренинг. Овој пат тоа е задната ложа на десната нога. Работев толку напорно за да го достигнам моето најдобро ниво во Мелбурн, но за жал нема да можам да играм на Австралија опен. Тешко е, но морам да бидам оптимист, да се опоравам и да гледам напред. Се гледаме во 2024 година, напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Грен слемот Австралија опен ќе се игра од 16 до 29 јануари.

Во ноември, Алкараз го пропушти финалниот турнир на Здружението на тениски професионалци (АТП) поради повреда на стомачен мускул.

Back to top button
Close