Алонсо: Леверкузен не размислува за титулата во Германија

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, инсистираше на тоа дека неговата екипа е фокусирана на четвртфиналето на Лига Европа против Вест Хем во четврток, додека клубот е на чекор да ја освои својата прва титула во Бундеслигата.

Леверкузен, непоразен во сите 41 натпревар во сезоната и со рекордни 28 победи во Бундеслигата во сезоната 2023-24, ќе биде крунисан за шампион доколку го победи Вердер Бремен во недела.

-Да бидам искрен, не разговаравме за петок, сабота или недела. Се работи за утре и за Вест Хем во Лигата на Европа. После тоа имаме многу време за Бундеслигата, изјави Алонсо на прес-конференција денска.

Минатата сезона Баер стигна до полуфиналето на Лига Европа, но загуби од Рома.

-Се уште го имаме сеќавањето на полуфиналето во Рим. Сакаме повторно да го постигнеме тоа. Ова е првиот чекор и ние сме подготвени, додаде Алонсо.

Напаѓачот Виктор Бонифас, кој се врати од повредата во саботата против Унион Берлин (1:0), ќе биде на располагање и би можел да го започне домашниот натпревар против Вест Хем

Back to top button
Close