Амбасада на САД во Израел: Граничниот премин Рафа ќе биде отворен за странците да заминат од Газа во Египет
Американската амбасада во Израел соопшти дека добила информација дека граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет ќе биде отворен денеска за да им се овозможи на странците да ја напуштат блокираната палестинска енклава, објавија странските агенции.
„Не знаеме колку долго (граничниот премин) ќе остане отворен за странските државјани кои сакаат да ја напуштат Газа“, се вели во соопштението на амбасадата.