Американка го прослави својот 104-ти роденден в затвор

Американка го прослави својот 104-ти роденден на необичен начин – со еден ден в затвор, соопшти Канцеларијата на шерифот на Округот Ливингстон.

Според соопштението, Лорета – жителка на старечки дом во градот Авон во американската сојузна држава Њујорк, сакала да го одбележи својот голем ден со посета на поправниот дом. Вработените веднаш го контактирале одделот на шерифот, кој веднаш се согласил да ѝ ја исполни желбата. Пред турата низ затворот, сепак, роденденот го прославија и со кафе и торта, а Лорета ја сподели тајната на нејзината долговечност.

„Таа му кажа на шерифот дека тајната на долгиот живот е – да си ја гледаш својата работа!“, напиша Канцеларијата на шерифот на Инстаграм.

Лорета, се вели, уживала во обиколката на затворската установа и за време на посетата никогаш не ја симнала насмевката од лицето.

„Пресреќни сме што успеавме да и ја оствариме роденденската желба. Ви благодариме Лорета за смеата и добрата енергија што ни ја донесе денес!“, се додава во објавата.

Back to top button
Close