Американска помош за македонските институции во вредност од 12 милиони се запрени

Одлуката на администрацијата на старо-новиот американски претседател Доналд Трамп за замрзнувањето на американската помош во странство на три месеци, ги погоди и македонските институции. Во земјоделието, образованието, безбедноста и разузнавањето, запрени се околу 12 милиони евра, пресметало Министерството за финансии, објави „Телма“.

Министерката Гордана Димитриеска Кочоска ја потврди сумата, но вели дека тоа не се одразува на буџетите на институциите, туку на кадар кои преку невладиниот сектор се обучувал и напредувал.

Со запирањето на американските пари, погодена е управата за финансиско разузнавање, но и други агенции и сектори.

 

Back to top button
Close