Американската армија првпат употреби поморски дронови за напад врз база во Иран

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека вчера првпат извршила напад со поморски дронови врз иранската поморска база Бандар Абас.

Во нападот учествувале три површински бродови без екипаж од класата Корсаир.

ЦЕНТКОМ наведе дека американската армија првпат во борбена операција употребила офанзивни поморски дронови.

Операцијата беше поддржана од борбени авиони, воени бродови, и беспилотни летала. Целта на операцијата, според американската армија, беше да се намали способноста на Иран да го загрози меѓународниот транспорт низ Ормуска Теснина.

Back to top button
Close