Австралија и Катар го откажаа учеството на Јужноамериканското првенство

Фудбалските репрезентации на Австралија и Катар го откажаа учеството на Јужноамериканското првенство, Копа Америка, што во јуни заеднички ќе го организираат Аргентина и Колумбија.Причини за откажувањата се патните рестрикции поврзани со пандемијата на Ковид – 19 и згуснатиот распоред во меѓународниот фудбалски календар, соопшти денеска Јужноамериканската фудбалска асоцијација (КОНМЕБОЛ).Откажувањата на Австралија и Катар го враќаат стариот формат на Копа Америка, со десет јужноамерикански репрезентации поделени во две групи со по пет екипи.

Во групата што ќе се игра во Колумбија, покрај домаќинот, се и репрезентациите на Бразил, Венецуела, Еквадор и Перу.

Во другата група се домаќинот Аргентина, Чиле, Парагвај, Уругвај и Боливија.

Копа Америка ќе го отворат Аргентина и Чиле, 11 јуни на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес.

Back to top button
Close