Американски снимател убиен во Украина
Снимателот на американскиот Фокс њуз, чиј идентитет засега не е познат, е убиен во Украина, пренесе агенцијата АФП.
Се огласија и од Фокс њуз објавувајќи дека нивниот снимател Пјер Закржевски загинал во Украина. Закржевски бил убиен кога автомобилот во кој се наоѓал наишол на отворен оган, а во истиот инцидент бил повредендописникот на Фокс Бенџамин Хол.
– Пјер беше наш воен известувач кој помина низ Ирак, Авганистан и Сирија. Беше во Украина од почетокот на февруари, изјави извршната директорка на Фокс Њуз, Сузан Скот.
#BREAKING Fox News cameraman killed in Ukraine: network pic.twitter.com/kzHJbIzw5i
— AFP News Agency (@AFP) March 15, 2022