Американскиот натпревар во јадење хотдози во живо на Нетфликс
Американскиот натпреварувач во јадење хотдози, Џои Честнат повторно ќе се соочи со своите соперници во најновиот настан што овојпат ќе се пренесува во живо на Нетфликс на 2 септември, објави стрим-платформата.
На претстојниот натпревар се враќа и Јапонецот Такеру Кобајаши (46), поранешен светски рекордер кој победи на натпреварувањето во Њујорк шест пати по ред пред да биде победен од Честнат во 2007 година. Честнат (40) е најдобро рангиран натпреварувач во јадење во светот, според „Мејџор лиг итинг“ (Major League Eating).
Нетфликс сѐ повеќе се движи во просторот за настани во живо последниве години, што вклучува сценски комедии, голф-турнири на славни личности и други настани, пред сѐ – од тлото на САД. Стрим-гигантот ќе пренесува и два натпревари од американската Национална рагби-лига од следната сезона, и тоа за првпат, како и бокс-мечот меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол во ноември. Од следната година ќе почнат и стрим-преноси од натпревари во професионално борење.