Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД може пак да го нападне иранскиот центар за извоз на нафта на островот Харк „само за забава“

Трамп во интервју за NBC нагласи дека иако Техеран изгледа подготвен да постигне договор за прекин на конфликтот, „условите сè уште не се доволно добри“.

. EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Тој повтори дека поголемиот дел од островот Харк е „целосно уништен“ во американските напади. Трамп во саботата изјави дека американската војска извршила она што го нарече „едно од најмоќните бомбардирања“ врз иранскиот остров Харк.

Тој изјави на мрежата Truth Social дека нападот бил извршен по негова наредба преку Централната команда на САД и дека „целосно уништил секоја воена цел“ на островот.

 

Back to top button
Close