Американскиот претседател изјави дека Русија треба повторно да биде примена во Г7
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека би бил среќен доколку Русија се врати во Г7. Според него, исфрлањето на Москва од Групацијата било грешка, пренесоа агенциите.
-Би сакал да се вратат. Мислам дека нивното протерување беше грешка. Видете, тука не се работи за сакање или несакање на Русија…Мислам дека и Путин би бил среќен да се врати, рече американскиот лидер во Овалната соба на Белата куќа кога ги презентираше новите „реципрочни царини“ од страна на Соединетите држави.
Русија беше членка на Групата седум (Г7), тогаш наречена Г8, сè додека не беше исфрлена поради анексијата на украинскиот регион Крим во 2014 година.
Засега нема реакција на зборовите на Трамп од Канада, која е ротирачко столче на Г-7 оваа година. Групата ги вклучува САД, Франција, Обединетото Кралство, Германија, Италија, Јапонија и Канада.
Трамп во Белата куќа , меѓу другото, додаде оти планира да започне разговори со Русија и Кина за нуклеарно разоружување. „Кога работите ќе се смират, ќе се сретнам со Кина и ќе се сретнам со Русија“, рече тој.
-Нема причина да градиме сосема ново нуклеарно оружје, додаде Трамп.