Американскиот секретар за одбрана Лојд Остина бил хоспитализиран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин минатата недела бил примен во болница поради здравствени проблеми, соопшти Пентагон.

Остин беше примен во понеделникот вечерта во Воената болница Волтер Рид, лоцирана во близина на Вашингтон „поради компликации што следуваа по неуспешната медицинска постапка“, изјави портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер. Сепак, во изјавата не е наведено какви се медицинските компликации и колку време бил хоспитализиран Остин.

Портпаролот на Пентагон рече дека заменик министерот за одбрана Кетлин Хикс ги исполнувала министерските должности и донела рутински одлуки во име на Остин минатата недела.

– Тој се опоравува брзо повторно ќе започне да ги исполнува сите свои должности. Во секој момент, заменик министерката за одбрана беше подготвен да дејствува како што е потребно според овластувањата на министерот, рече Рајдер

Back to top button
Close