АМСМ: Изменет сообраќаен режим на делницата Прилеп – Битола од Коридор 10, во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Автомотосојузот на Македонија информира дека поради протест на грчките земјоделци, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (Граничен премин Богородица) е во прекин. Во двата правца е во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан поради сообраќајна несреќа.
АМСМ известува и дека од 15 часот денеска ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп – Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101.
Автомотосојузот препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.
-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.





