Ана со шестмесечно бебе се криела 65 дена во Азовстал, па раскажа потресна приказна

Украинската наставничка која помина 65 дена во Азовстал со нејзиното шестмесечно бебе зборуваше како изгледал животот во фабриката за челик.

Ана Зајчева вели дека била заробена во фабриката и не можела да излезе затоа што не запирале нападите на руските воени сили.

Сопругот на Ана ја напуштил војската и работел во фабриката, додека таа била наставничка, но по почетокот на специјалната операција на Русија, тие решиле да се сокријат во Азовстал.

„Поминавме една недела без храна. Беше опасно да се излезе затоа што паѓаа гранати. Моето дете и јас излегувавме секој ден по пет минути најмногу кога беше најбезбедно. И во затвор повеќе се движат“, вели таа.

По хоророт кој траеш повеќе од два месеци, Ана и нејзиното бебе го напуштија Азовстал.

„Покрај редовната војска, ме испрашуваа и службеници од ФСБ. Кога му стана јасно дека нема ништо да кажам, дојде уште еден војник и ми кажаа дека е подобро да почнам да зборувам“, вели Ана.

Back to top button
Close