Јанакиевски- да можев да предвидам што ќе ми се случува никогаш немаше да се бавам со политика

Прифаќањето вина во „Титаник“ го сметам за висок морален чин, но во овој предмет сигурен сум во мојата невиност, изјави денеска во завршен збор за предметот „Топлик” поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Обвинителниот акт за предметот, Јанакиески го оцени како апсурден.

– Апсурд е тврдењето дека во 2007 година сме се организирале да напраивме дело знаејќи дека ќе настанат штети во 2013 година. Замислете, уште во 2007 сме знаеле дека правобранителството ќе постигне спогодба и ќе бидат исплатени средства во име на законска затезна камата што обвинителството го смета за штета. Да ја имав таа моќ, уште во 2007 година да предвидам се што ми се случува сега, ќе си поднесев оставка уште тогаш и никогаш немаше да се занимавам со политика, изјави Јанакиески.

Нагласи дека не постои ниту писмен, ниту вербален доказ дека до него бил доставен некаков записникот и дека тој дал потврда или согласност за објава.

-Апсурдно е тврдењето дека сум искористил службена положба, кога согласно закон само министер може да формира комисија, така било и пред мене и после мене, изјави Јанакиески.

Back to top button
Close