АНАЛИЗА: буџетот на ПИОМ надмина 2 милијарди евра а на ФЗО скоро 870 милиони евра

Двата најголеми државни фондови , ПИО и ФЗО , следната година ќе имаат зголемени буџети, повеќе пари за трошење, но очекуваат и зголемени приходи во фондовски каси по основ на наплата на придонесе. Само за исплата на пензии, следната година во однос на годинава, сумата се зголемува за 16,6%, пишува Порталб.мк. Расходите на ПИО по основ на исплата на социјални бенефиции во кои се вклучени и пензиите следната година се зголемува за 284 милиони евра.

Фонд за здравствено осигурување …

Според податоците од Буџетот за 2025 та, трошењето, односно расходите на Фондот за здравствено осигурување следната година ќе изнесуваат 867,8 милиони евра што е за 84,3 милиони евра повеќе во однос на годинава. Највисока ставка од 764,1 милион евра се “договорните услуги” со кои се опфатени финансиските договори и обврски на ФЗОМ со јавни и приватни здравствени институции.

На приходната страна, од наплата на придонеси ФЗОМ очекува прилив од 799,6 милиони евра. Според прогнозите на власта, приходите од наплата на придонеси за здравствено осигурување, следната година во споредба на оваа, ќе се зголемат за 9%. Од Централниот Буџет , следната година пак, трансферот до овој фонд ќе изнесува 118,2 милиони евра што е за 3 милиони евра помалку во однос на годинава. Од вкупниот буџет на ФЗОМ во 2025 та 854,1 милион евра ќе бидат за “здравствена заштита”.

“Здравствената заштита е планирана на ниво од околу 52,5 милијарди денари, средства кои ќе се реализираат преку ФЗО, најголем дел од планираните средства се наменети за финансирање на здравствените услуги и исплата на обврски на јавните здравствени установи” – се наведува во Буџетот.

 

Расходи на фондови 2025

Буџет на ФЗО 867 789 000 евра

Буџет на ПИОМ 2 186 500 000 евра

 

Фонд за пензиско осигурување ..

Фондот за пензиско осигурување на ниво на државата е институција со најголем буџет. Следната година ПИО ќе има историски највисоко ниво на расходи кои за прв пат надминаа 2 милијарди евра. Според новите буџетски проекции, во 2025 та во однос на оваа година, расходите на овој фонд се зголемени за 285 милиони евра .

Највисока расходна ставка од 1,7 милијарди евра се пензиите кои се опфатени во ставката “социјални бенефиции” која тежи дури 2,17 милијарди евра и е за дури 284,3 милиони евра поголема во однос на годинава.

“За исплата на пензии планирани се 105,5 милијарди денари ( 1,7 милијарди евра), со вклучен ефект за линеарен пораст на пензијата за секој пензионер од 2.500 денари почнувајќи од март 2025 година, а со цел да се овозможи пристоен животен стандард на пензионерите” – наведува Министерството за финансии.

Сумата за исплата на пензии следната година во споредба со оваа е зголемена за дури 16,6%. Државниот ПИОМ следната година, како што веќе објави “Порталб” ќе има зголемени расходи по два основи, раст на пензиите и раст на бројот на пензионери. И за овој државен фонд власта предвидува раст на приходите, пред се по основ на придонеси кои се клучен извор за буџетските приливи во фондовската каса. Конкретно преку ставката даночни приходи следната година се очекува прилив од 1,3 милијарди евра што е за 148,7 милиони евра во однос на г

Буџет 2025 Буџет 202

Трансфери до ПИОМ 787 000 000 евра 656 300 000 евра

 

Трансфери до ФЗО 118 211 000 евра 121 301 000 евра

 

Фондот за пензиско осигурување следната година од Буџетот ќе доби 787 милиони евра што е за фантастични 130,7 милиони евра повеќе во однос на годинава.

ПИО и ФЗО се двата најважни државни фондови кои даваат услуги на сите категории на граѓани од сите возрасни групи – вработени, невработени, пензионери, пациенти. И двата фодови се “потпираат” на државните трансфери. Економистите со децении укажуваат на потребата од консолидација на фондовските финансии со цел да се обезбеди одржливост.

Back to top button
Close