Анализа: Еве за колку ќе пораснат септемвриските плати во образованието
Откако пред неколку денови Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование и наука потпишаа Договор, платите во основното и средното образование од септември оваа година се зголемуваат за 15 отсто.
Од нив 10 проценти се согласно Општиот колективен договор (ОКД) за вработените во јавниот сектор и уште 5 отсто дополчнително договорени во преговорите меѓу СОНК и МОН.
24инфо.мк направи анализа за тоа колку во апсолутен износ ќе се зголемат платите во образованието.
Па така, ако еден наставник во основно образование во август оваа година имал плата во просек од 29.258 денари, во септември ќе добие плата од 33.646 денари, што е речиси 4.400 денари повеќе.
Сличен раст има и кај професорите во средните училишта. Професор што за август добил плата од 30.510 денари, во септември ќе добие 35.090 денари односно скоро 4.600 денари повеќе.
Сепак, на овие износи треба да се додаде и минат труд кај секој вработен поединечно, по што излегува дека платите во основното образование од септември ќе изнесуваат околу 600 евра, додека во средното образование и го надминуваат износот на 600 евра.
За две години, ова е втор раст на платите во образованието, кои во минатата 2022 година исто така пораснаа за 15 проценти.
Во основното и средното образование вработени се околу 37.000 лица