АНАЛИЗА : На “Владина врата” тропаат стотици милиони евра доспени долгови – се размислува и за предвремена отплата!

За отплата на веќе доспеани обврски годинава на Владата ќе и бидат потребни 191 милион евра, за финаннсирање на “буџетската дупка” 693 милиони евра. Власта планира на домашниот пазар да се задолжува со државни обврзници на подолг рок, но ќе се разгледува и можноста за предвремена отплата на дел од доспеаните обврски, пишува “Порталб“. Објавена е новата Фискална стратегија 2023-2025 ( со изгледи до 2027 година).

По кризната 2022 – стабилизација од 2023 …

Издавање на Евообврзници на меѓународниот финансиски пазар, повлекување на кредити од странски финансиери,  задолжувања за конкретни проекти, заеми од домашни кредитори. Според новата Фискална стратегија по оваа кризна 2022 година , веќе од следната се очекува консолидација на јавните финансии – буџетскиот дефицит ќе се намалува, економскиот раст ќе се зголемува, проследен со раст на инвестициите и вработеноста.

                                                      2022 година           2023 година           2024 година

Раст на БДП                                         3,2%                         4,5%                          5,7%

Инфлација                                            7,2%                          3,5%                         2,0%

Странски инвестиции (%од БДП)    3,0%                          3,2%                         3,2%

Владините проекции упатувазт на тоа дека “дупката” во државната каса ќе се намалува пред се поради рационализација на расходите а зголемување на приходите.

“Со очекуваната наплата на приходите, ќе се обезбеди етапно стеснување на вкупниот буџетски дефицит од 5,3% од БДП во 2022 година на 2,8% во 2027 година. Примарниот буџетски дефицит исто така континуирано ќе се намалува од 4,0% од БДП во 2022 година до постигнување на ниво на 1,3% во 2027 година” – се наведува во новиот документ од Министерството за финансии.

Задолжувања на домашен и на странски пазар …

Должничката позиција на државата ќе се подобрува, ќе се земаат нови кредити но на врата ќе тропнат доспеани долгови. Во апсолутен износ, задолжувањата во следните години ќе се растат, но со голем дел од нив ќе се враќаат веќе доспеани долгови кон дома и кон странство што ќе влијае врз намалување на Јавниот долг.

“Министерството за финансии ќе продолжи да издава државни обврзници со подолги рочности, при што ќе се намали ризикот за рефинансирање на долгот. Со цел ефикасно управување со јавниот долг, Министерството за финансии на среден рок ќе ја следи и можноста за евентуална предвремена отплата на дел од долгот, односно постигнување поповолна рочна, валутна и каматна структура на долгот” – се наведува во Фискалната стратегија.

Податоците покажуваат дека догодина по основ на отплата на доспеани обврски државата треба да врати една од највисоките суми –  скоро 800 милиони евра, од нив речиси 600 милион евра кон странство. Но и 2025 та ќе биде година во која за отплата доспеваат повеќе од 800 милиони евра.

                                       Одливи за отплата на долгови

2022 година                                 190,1 милион евра

2023 година                                 795,2 милион евра

2024 година                                  478,4 милион евра

2025 година                                  807,6 милион евра

2026 година                                    1,2 милијарда евра

Но најголем износ од речиси  1,2 милијарди евра доспеваат за отплата во 2026 та година.  Сегашните проектирани сценарија за заздравување на економијата, раст на инвестциите, зауздување на ценовното цунами,  сепак се под ризик – се ќе зависи од времетраењето на војната во Украина.

“Основното макроекономско сценарио е придружено со ризици, кои се оценуваат како надолни во однос на проектираниот економски раст. Ризиците се главно поврзани со времетраењето и воениот интензитет на руско-украинскиот конфликт и ефектите од тековните и евентуалните дополнителни санкции кон Русија и обратно, како и со идниот тек на пандемијата од аспект на евентуална појава на нови варијанти на вирусот, фактори кои би довеле до нови нарушувања на глобалните синџири на снабдување и надворешната побарувачка, влошена доверба и очекувања на деловните субјекти и потрошувачите. Со оглед на неизвесноста на цените на примарните производи на меѓународниот пазар, значителни ризици постојат и во однос на проектираната домашна инфлација” – прогнозира фискалната власт.

Овој документ е пропратен дел на Ребаланс на Буџетот кој веќе е адресиран до пратениците на  пленарна седница во Собранието.

Back to top button
Close