АНАЛИЗА: Раст на долговите на општините, општинските ЈП и на здравството

И во третиот квартал од годинава се “набилда” внатрешниот долг на дел од јавниот сектор а најголем пораст на доспеаните а неплатени обврски има на Општинските јавни претпријатија. Во апсолутен износ највисок долг од 263 700 000 и натаму имаат Јавните претпријатија и фирмите менаџирани од државата но кај оваа група на субјекти на квартално ниво има намалување на должничката сума пишува Порталб. Само кон приватниот сектор долгот на државата изнесува скоро 245 милиони евра.

Општините, здравството, ЈП на локално ниво и натаму “тонат” во долгови ..

Пресметката што ја направи “Порталб”, споредувајќи ги податоците на квартално ниво покажува дека долгот на Општинските јавни претпријатија за три месеци се зголемил за 22 351 000 евра, односно од 107,4 милиони на крајот од јуни се зголемил на 129,7 милиони евра на крајот од септември.

2 квартал                           3 квартал

Државни ЈП и државни фирми                    368 500 000 е                   263 700 000 е

Општински јавни претпријатија                  107 426 000 е                   129 777 000 е

Јавни здравствени установи                          72 006 000 е                      79 700 000 е

Општини                                                              64 621 000 е                      68 300 000 е

Извор : МФ

Вкупните доспеани а неплатени обврски на Јавните здравствени установи на крајот на вториот квартал изнесувале 72 милиони евра и за три месеци се зголемиле за 7,7 милиони евра во третиот квартал достигнувајќи износ од скоро 80 милиони евра. Општините во вториот квартал пријавиле доспеан а неплатен долг во износ од 64,6 милиони евра додека во третиот квартал долгот надминал 68  милиони евра што претставува раст за 3,6 милиони евра. Намалување на доспеаните а неплатени обврски за скоро 105 000 000 евра има кај ЈП формирани од државата и на фирмите во државна сопственост и токму ова е причината за кварталното намалување на вкупниот “внатрешен долг” на државата. Одредено намалување има и на доспеаните обврски на буџетските корисници од прва и од втора линија ( министерства, агенции, инспекторати).

Највисок внатрешно – должнички износ од 297,3 милиони евра прикажал Јавниот сектор а втори на листата се долговите кон приватниот сектор, здруженијата на граѓани и други непрофитни организации со износ од 244,8 милиони евра при што оваа сума во однос на вториот квартал е намалена за 7,3 милиони евра.  Долгот на државата кон физички лица изнесува 2,7 милиони евра. Пораст има на доспеаните а неплатени обврски кон странство при што на крајот на септември износот достигна 57,1 милион евра.

Најголем долг за

Државата најмногу или скоро 110 милиони евра должи за комунални услуги, греење, комуникација и транспорт и оваа сума во однос на вториот квартал бележи намалување за околу 14,4 милиони евра. На крајот на септември, доспеаните а неплатени обврски по основ на “материјали и ситен инвентар изнесувале 82,6 милиони евра должи, за “други тековни расходи” долгот изнесува 74,3 милиони евра, доспеаните а неплатени обврски за “други градежни објекти” изнесуваат  64,5 милиони евра. Доспеаниот долг по основ на главнина од заеми земени од странски кредитори изнесува речиси 56,8 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски на државата

Комунални услуги, греење, транспорт         109 900 000 е

Материјали и ситен инвентар                          82 650 000 е

Други тековни расходи                                      74 300 000 е

Други градежни објекти                                    64 468 000 е

Главнина на земи од странство                       56 800 000 е

Извор МФ

На “водечките” позиции според износот на долговите и натаму се државните компании од енергетиката и транспортот, МЖ Транспорт со долг од 78,5 милиони евра, МЖ Инфраструктура со должнички износ од 69,2 милиони евра, на трета позиција е ЕСМ производство  со скоро 61,3 милиони евра, на четврто место е ЈП Водовод и канализација Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 39 милиони евра а на петто е ЕСМ дистрибуција на топлина која пријавила доспеани а неплатени сметки во износ од 32 милиони евра. Вкупниот “внатрешен” долг на државата на крајот на септември изнесувал 602 милиони евра и на квартално ниво е намален за 87 милиони евра.

Back to top button
Close