Андоновиќ: Средба Бајден Путин- Ресетирање на надворешно политичките односи и барање на вземна почит

 

Во атмосфера на на најниска точка на односте во последните години, американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин денеска на средба во Женева, во обид да ги поправат односите но и да ги надминат несогласувањата кои ги подигаат тензиите во целиот свет
Според најавите средбата е предвидено да трае пет часа, а на неоа покрај Бајден и Путин ќе присуствуваат и американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на руската дипломатија сергеј Лавров.

Ќе се разговара за таканаречените за „црвени линии“,кои двете супер сили одделно, ги поставуваат но и за заедничките интереси, во време кога Вашингтон сака да ги ресетира надворешно-политичките односи кои беа текотнски пореметени за време на 4 годишното владеење на претходникот на Бајден, Донал Трамп.

Бидејќи средбата, е пропаратена со големи очекувања, Кремљ и Белата куќа се обидоа да ги намалат очекувањата од состанокот и двајцата лидери ќе се појават одделно пред камерите по состанокот, за време на кој не се планира да се консумира храна.

Средбата доаѓа на крајот од првата повеќедневна посета на Бајден на Европа како претседател на САД, за време на која тој се состана во последните денови со лидерите на Г7 – најразвиените земји во светот, неговите партнери во НАТО и лидерите на Европската унија.
Сабјбер нападите, човековите права, трката во вооружување но и размена на воени затвореници се дел од темите за кои двајцата лидери ќе разговараат на оваа средба
Она што привлече внимание е и изјавата на американскиот претседател Бајден кој потенцираше дека очекува од Путин пред се почитување од што, како што вели ќе зависи и ттекот и атмосферата на преговорите.
Сепак ико Путин засега не дава лични и општи кфалификации, со сигурност ќе влијае неодамнепата изјава на Бајден кој го нарече Путин убиец, а за што веројатно покрај почитта , ќе се бара и извинување.

Бајден најави дека ќе изрази критика во врска со влошувањето на човековите права во Русија, како и нејзината улога во сајбер напади врз американски компании и мешање во избори во САД.

Од друга страна Кремљ соопшти дека Путин и Бајден на состанокот ќе треба да ги разјаснат клучните прашања во билатералната соработка. Односите меѓу двете земји се во „незадоволителна состојба.
Санкциите на САД кон Русија се воведени 96 пати од 2011 година, вклучително и три пати откако Бајден стапи на должност, се вели во соопштението на Кремљ

Експертите очекуваат Путин и Бајден потенцијално да започнат нови разговори за нуклеарно разоружување и контрола на оружјето. Според најавите на обете страни, теми на разговори ќе бидат конфликтите во Авганистан, Либија, Сирија и спорот околу нуклеарните програми на Иран и Северна Кореја.

Патувањето на Бајден во Европа беше можност на САД да ги обноват односите со своите сојузници по раскинатите врски за време на мандатот на неговиот претходник Доналд Трамп, кого Путин го опиша како „талентиран“ и со кого имаше одлични лични релации.

Back to top button
Close