Андоновска: Пред да биде прогласена епидемијата ги преземавме сите мерки

„Од ИЈЗ беше побарано од 4 места да се земат примероци на вода. Е постапено најбрзо што може, денеска ги имаме комплетните анализи и во текот на денот ќе бидат предадени на Обвинителство. Се прават епидемиолошки проценки и се следи состојбата“ рече директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска на прес-конференција во врска со епидемијата во Гостивар.

Таа вели „Прогласување епидемија е кога ќе се забележи зголемување бројка на заболување, тоа понатаму значи дека сите институции треба да бидат повеќе координирани и да имаат поголема комуникација меѓу себе и да се размислува за давањето препораки. Ние и пред прогласувањето на епидемија ги направивме сите работи кои треба да се направат кога има епидемија“.

„Продолжуваме со контролите. Апелираме ОЈО да ги собере сите информации, да се одреди одговорноста, сочувствуваме со граѓаните на Гостивар“ рече Андоновска

Back to top button
Close