Андоновски: Ако ЈСП не ги исплати приватните превозници, долгот од 2 милиони евра ќе се зголеми

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски на денешната седница за поставување на советнички прашања го праша директорот на ЈСП Скопје зошто до сега не се исплатени 90 милиони денари достасани долгови до двата приватни превозници и кога овие пари ќе се исплатат.

„Овие две прашања ги поставувам затоа што ме интересира кога ќе се реши проблемот, а проблемот се состои од три дела. Првиот дел, фактурите кои што приватните превозници ги имаат кон ЈСП не се спорни, спрема нив не е изјавен никаков негативен коментар, не е изјавена никаква забелешка. ЈСП ги прифатило врз основа на своите извештаи и извештаите на мониторинг центарот на Град Скопје и како такви тие се водат како долг на ЈСП кон овие превозници. Сумата наскоро достасува до 2 милиони евра. Доколку овие приватни превозници го тужат ЈСП тука ќе дојде да плаче директорот на ЈСП следната година дека му требаат субвенции за потешкотии во работењето зошто нема да може да го отплати ниту главниот долг ниту пак долгот по судската одлука, бидејќи повторно ќе кажам фактурите не се спорни“, рече тој.

Back to top button
Close