Андреј од ДНК им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани
Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство.
Според информациите, тој можел да се спаси, но се вратил да помогне на други да излезат надвор. Се здобил со тешки изгореници поради што состојбата му се влошила.
Во пожарот загина и музичарот Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК. Во несреќата загинал и тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица.