Ангелов: Има загрозени објекти на Водно, проблемот е сериозен – некој може да настрада

На Водно има загрозени објекти и проблемот со свлечишта треба да биде сфатен сериозно, предупреди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Тема на денот“.

— Јас верувам дека има загрозени објекти на падините на Водно и дека треба многу сериозно да биде сфатен овој проблем и да не чекаме да се случи штетна последица која може да загрози човечки животи, но и да одземе човечки животи и тоа повеќе — посочи Ангелов.

 

 

Тој додаде дека институциите веќе работат на проблемот и дека во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржале неколку координативни средби на оваа тема, појаснувајќи дека е потребно кревање на јавната свест бидејќи „луѓето, коишто живеат таму, не мислат дека може да се случи таква штетна последица и дека мислат оти состојбата не е толку опасна зашто тие живеат таму и се навикнати“.

— Но, ние сме нагледани еден куп видеа од целиот свет, вклучително и во нашата држава, каде што свлечиштата можат да направат многу голем проблем — посочи Ангелов

Back to top button
Close