Англиската полиција го истражува инцидентот со Роналдо

 

Англиската полиција соопшти денеска дека ги прегледува снимките од безбедносните камери за да утврди дали фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, направил прекршок, избивајќи му го од раката на еден млад навивач мобилниот телефон по вчерашниот премиерлигашки пораз од Евертон на гостувањето во Ливерпул.

На социјалните мрежи се појави кратко видео на кое се чини дека Роналдо замавнува со раката кон земјата кога го напушта теренот и чекори кон тунелот на стадионот „Гудисон парк‘.

Според изјава на сведок, 37-годишниот португалски фудбалер на едно дете му го избил мобилниот телефон од раката и го искршил на земјата, а Роналдо подоцна се извини за инцидентот на Инстаграм.

Портпаролот на полицијата Мерсисајд рече дека двата тима биле контактирани по извештаите за наводен напад.

– Додека играчите го напуштале теренот, во 14:30 часот е пријавено дека дете било нападнато од играч на гостинската екипа. Истрагите се во тек и полицијата во моментов работи со фудбалскиот клуб Евертон за да ги прегледа снимките и спроведува опсежна истрага на сведоци за да утврди дали прекршокот се случил, изјави полицискиот портпарол

Back to top button
Close