Анкета: Макрон во убедливо водство

Една недела пред првиот круг на претседателските избори во Франција, Емануел Макрон е во водство според новата анкета спроведена од институтот Елабе.

Според анкетата, за реизбор на претседателот се изјасниле 28,5 отсто, или за 0,5 поени повеќе од минатата недела. Зад него е Марин Ле Пен со 22 отсто и раст од 1 поен. Останатите кандидати, меѓу кои и третопласираниот Жан-Лук Меланшон, бележат пад во поддршката.

Според оваа анкета, веројатното сценарио на вториот круг ќе биде меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен, со резултат од 53 отсто наспроти 47 отсто. Ова е за 0,5 поени подобро за шефот на државата во споредба со последното истражување објавено во средата.

 

 

Back to top button
Close