Анкетната комисија на крајот повторно го сослуша поранешниот директор на Онкологија Д-р Васев


Голем дел од прашањата до Васев се однесуваат за КАТО системотВремето ќе ја покаже вистината, не бегам од ништо, не сум имал притисоци од Министрите, натрупаниот долг на Онкологија во време кога бев директор се должи исклучиво на биолошката терапија, а од Фондот ни се подсмеваа кога баравме да ни дадат дополнителна сума на пари, што годинава пак, без проблем ги одобрија. Вака по втор пат пред пратениците сведочеше Нино Васев, правдајќи се дека дел од терапијата што останувала од еден се давала на друг пациент уште истиот ден за да не се фрли.

Голем дел од прашањата до Васев се однесуваат за КАТО системот, а овој пат тој кажа дека тендерската документација за неговата набавка исчезнала. Тврдеше дека иако само осум дена додека бил директор го тргнал од употреба, се обидел да го врати, меѓутоа освен што биле потребни многу пари и медицинскиот персонал го спречил во намерата.

Пратениците не успеаја во намерата вкрстено да поставуваат прашања, а со сослушувањето на поранешниот економски директор на ФЗО, Стево Крстевски, заврши овој дел. Додека Анкетната комисија треба да разгледува документи, стигна најава за проширување на периодот за кој се анализира дали има политичка одговорност. Наредната недела се очекува да има и формално барање за продолжување на работата на Анкетната комисија за скандалот „Онкологија“ која е прва што стигнала до оваа фаза. Од Кабинетот на Претседателот на собранието засега нема став околу ова прашање.

Back to top button
Close