Јанкулоска објави фотографија: Нема потреба од спектакли и опсада на зградата… на крај памет не ми паѓа да бегам

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, објави екс-министерката Гордана Јанкулоска на својата Фејсбук страница.

Јанкулоска со ова одговара на гласините дека се дала во бегство по одлуката на Врховниот суд кој ја потврди одлуката на Апелација за четиригодишната казна затвор за случајот „Тенк“, односно спорната набавка на „мерцедесот“ вреден над половина милион евра. Откако и Врховен ја потврди пресудата Јанкулоска ќе мора да оди во затвор.

Back to top button
Close