Анонимуси“ ја хакираа руската Централна Банка, најавија дека ќе објават над 35 илјади документи и тајни договори

„Анонимнуси“ тврдат дека ја хакирале Централната банка на Русија.

„Повеќе од 35 000 документи ќе бидат објавени во рок од 48 часа, а ќе се обелоденат и тајните договори – објавија од хакерската група на Твитер.

После полноќ „Анонимуси“ најавија дека цел на нивните хакерски напади ќе бидат и компаниите кои и натаму работат во Русија.

Неколку дена по руската инвазија на Украина тие објавија и дека ја хакирале руската државна телевизија, за како што напишаа, да се види вистината за она што се случува во Украина.

 

 

Back to top button
Close