Јанша: Русите спроведуваат етничко чистење во Украина

Словенечкиот премиер Јанез Јанша во понеделникот изјави дека некои акции на руската војска при нејзината агресија против Украина го потсетуваат на етничко чистење.

-Она што се случува во Украина не е само војна, туку етничко чистење на украинските градови долж Црното Море, рече Јанша во парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање за војната на Путин и ги спореди акциите на руската армија во кампањата во Мариупол со ситуацијата во БиХ, после која следеше етничко чистење.

-Војната во Украина ќе заврши кога таа земја сама, со помошта што ја добива, ќе биде доволно силна да ја запре инвазијата на руските војници, рече словенечкиот премиер, додавајќи дека дури тогаш ќе започнат вистински, сериозни преговори.

Според него, пренесе словенечката новинска агенција СТА, токму затоа на Украина треба да ѝ се помогне во отпорот.

-Украинците всушност се безбедноста и просперитетот на цела Европа, додаде тој.

Back to top button
Close