Анталија е домаќин на состанок на Парламентарното собрание на НАТО посветен на безбедноста во регионот околу Средоземното Море и Блискиот Исток
Претставници на Парламентарното собрание на НАТО денеска во турскиот град Анталија одржуваат тридневен состанок посветен на безбедноста и економските односи во регионот околу Средоземното Море и Блискиот Исток, објави „Хуриет дејли њуз“.
Според шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и турски пратеник Мевлут Чавушоглу, во фокусот на тридневниот состанок ќе биде разгледувањето на случувањата на Блискиот Исток, Персискиот Залив и Северна Африка и нивното влијание врз земјите од НАТО.
„Клучна тема ќе бидат заканите и предизвиците што доаѓаат од југ, особено терористичките“, изјави Чавушоглу за турските медиуми, нагласувајќи дека „Турција станува исклучително важна земја во областа на дипломатијата и безбедноста“.
Чавушоглу нагласи дека исклучувањето на Турција од разговорите за европската безбедност нема да биде од корист за стабилноста во регионот