Антонов: Постојат сериозни проблеми во односите меѓу САД и Русија

Постојат сериозни проблеми во руско-американските односи, но Москва е подготвена да ги реши, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов по заминувањето од Русијa

Имаме многу сериозни проблеми. Подготвени сме на конструктивен дијалог, подготвени сме да се обидеме да ги решиме сите проблеми, истакна Антонов.

Тој нагласи дека планира да работи на примена на договорите, кои претседателите на двете земји ги постигнаа во текот на нивниот неодамнешен состанок.

– Задачата е едноставно да се работи и да се спроведуваат позитивните зборови кои ги изговорија претседателите, додаде рускиот амбасадор.

Според него, главна задача во руско-американските односи е обновување на дијалогот, но тие не можат да се нормализираат со воведување санкции.

Back to top button
Close