Јанушев: МВР и ЈО да влезат во Генералниот секретаријат, има индиции дека Владата се користела како штаб на СДСМ

Генералниот секретар на Владата Игор Јанушев вечерва јавно го повика МВР, заедно со Јавното обвинителство да влезе во Генералниот секретаријат на Владата и да почне да проверува, како што рече, каков криминал е направен.

Во гостувањето на ТВ Сител, Јанушев покажа слики од депото на Владата од кои, напомена, може да се види дека Владата се користела како штаб на СДСМ. Покажа и јавен повик за доделување финансиска поддршка, креиран на 1 април 2022 година, кој бил направен како да е од 21 мај 2021-ва. Ова, истакна, е кривично дело и за тоа, рече, некој треба да одговара. Покажа и фотографии од две машини на кои, според него, има сериозни индиции дека се печателе изборните материјали на СДСМ.

Back to top button
Close