Апасиев реизбран за претседател на Левица
Левица го одржа вториот редовен Пленум на партијата, а досегашниот лидер на партијата, Димитар Апасиев, е реизбран за претседател, објави партијата на Фејсбук.
Од партијата информираат дека делегатите на Пленумот ги усвоиле статутарните одлуки, а на сесијата на Централниот комитет бил реизбран досегашниот состав на Президиумот.
„Президиумот на Левица, едногласно го реизбра проф. д-р Димитар Апасиев, за старо-нов претседател на партијата, кој ја назначи Јована Мојсоска за Генерален секретар на Левица“се наведува во објавата на Левица.