Апелација му дала времен пасош на бизнисменот Јахоски повикувајќи се на согласноста од обвинителствата

Бизнисменот Асмир Јахоски од пред неколку дена доби времен пасош со важност од 6 месеци. Тој веќе еднаш го искористи, односно замина во Истанбул, за да присуствува на матурската на својот син, по што се врати во државата. Тој и следните месеци ќе може да патува, но ќе треба секој понеделник да биде во државата, бидејќи тогаш мора да се пријавува во Кривичниот суд.

Времениот пасош на Јахоски, осомичен во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, му е дозволен од Апелациониот суд, кој заседавал на 29 мај годинава. Она што паѓа во очи е дека тој експресно успеал да извади времена патна исправа, бидејќи веќе наредниот ден, 30-ти мај, заминал за Турција.

 

– Advertisements –

За носењето на одлуката која му оди во прилог на осомничениот бизнисмен, второстепените судии се повикале на мислењето на Вишото јавно обвинителство, кое дало позитивно мислење за издавање на патна исправа, а позитивно мислење имало и претходно од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

 

-Светот на овој суд, ценејќи ги погоре наведените околности, а во таа корелација, ценејќи ги жалбените наводи, Мислењето на Основното јавно

обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од 19.05.2025 година, кое е позитивно, како и предлогот на Вишото јавно обвинителство од 27.05.2025 година, со кој се предлага жалбата на осомничениот да се уважи, откако изврши увид во списите на кривично – правниот предмет, оцени дека во конкретниот случај има услови на осомничениот А. Ј. да му се издаде нова патна исправа со ограничен рок на важење, се наведува во решението на Апелација, донесено од советот на судии составен од Лидија Зимбовска, Ѓоко Ристов и Тања Милева.

Судиите образложиле и дека:

-Во смисла на погоре цитираната законска одредба советот на овој суд цени дека во конкретниот случај на обвинетиот А. Ј. може да му биде издаден пасош со ограничен рок на важење, а од причина што патната исправа му е потребна за патување во И. Т., за целите на матурската прослава на која учествува и неговиот син И. Х. како ученик во I. I. C. School.

При донесување на ваквата одлука советот го имаше предвид времетраењето на кривичната постапка, како и однесувањето на обвинетиот во

текот на истата, односно фактот дека истиот во целост ги почитувал определените мерки на претпазливост, континуирано, уредно и навремено се јавувал во судот, од што произлегува дека со издавањето на патната исправа со ограничен рок на важење нема да се осуети непреченото водење на кривичната постапка, решиле судиите.

Неколку дена претходно ваквото барање на Јахоски беше одбиено од Кривичниот совет на Кривичниот суд, каде што и покрај позитивното мислење на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, одлучил дека постои ризик бизнисменот да избега.

-При одлучувањето, првостепениот суд нашол дека се уште се присутни причините на определените мерки на претпазливост во оваа фаза на

постапката, а со цел и понатаму да се обезбедува присуство на осомничениот со оглед дека истражната постапка се уште не е завршена, како и дека предметното барање е поднесено недела дена по донесување на решението на второстепениот суд со кое му се определени мерките на претпазливост, се наведува во решението.

На почетокот на истрагата Јахоски беше во притвор во истражниот затвор „Скопје“, но Апелација му ја укина мерката прифаќајќи гаранција од два милиони евра, засилена со мерки на претпазливост. За само неколку дена второстепениот суд одлучи да му ги ублажи и овие мерки, односно да му издаде времен пасош.

Back to top button
Close