Апелација не се оправда пред Судски: Судијата Енвер Беџети ги решил сите предмети, само „Таргет – Тврдина“ го чувал во фиока

Судечкиот совет од Апелациониот суд кој донесе одлука за укинување на првостепената пресуда за случајот „Таргет – Тврдина“, односно масовното прислушување, со којашто практично предметот за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е на чекор да застари, не се оправдале пред Судскиот совет за долгото одлучување кое резултираше со укинување на дванаесетгодишната казна за Мијалков

.До 23 декември, кога членови на Судскиот совет беа во посета на Апелација, писмената пресуда уште не била изработена.

Работната група од Судскиот совет којашто беше во вонредна работна посета на Апелација, констатираше, а Судскиот совет едногласно ги усвои овие заклучоци дека нема образложени причини за изминување на толку долг период од јавната седница до донесување на одлуката.

Девет месеци им требало на судиите да одлучат од одржувањето на јавната седница за овој предмот до донесувањето на одлуката со што судиите создале услови за застарување на постапката, што е сериозна повреда на Законот за кривична постапка.

Информации за текот на постапката, Работната група побарала од судијата известител за случајот, Енвер Беџети кој е надлежен за динамиката на движење на предметот, особено по завршувањето на јавната седница и утврдиле дека Беџети ги решил сите предмети од висок јавен интерес, а предметот за Мијалков го чувал во фиока, односно тој бил единствен што не го решил.

-Како причини за оваа состојба беа наведени големиот број на предмети и тоа вообичаено тешки предмети од висок јавен интерес кој според АКМИС му биле распоредени на судијата известител. Тоа е видно и од уписникот, го проверивме. Неспорен е фактот дека нормата месечна ја исполнувал, но она што го констатиравме дека од сите предмети кои му биле распоредени во работа на судијата известител, од итен караректе и висок јавен интерес единствено „Таргет-тврдина“ е незавршен предмет. И покрај тоа што имал голем обем на работа, тој има завршувано предмети со понов датум, дури и дадени предмети од 2022 година“, рече Тања Чачарова-Илиевска, која беше дел од работната група.

Беџети користел и боледување но не дал образложение колку време користел боледување, и имал побарано од претседателката на судот да не му се распоредуваат предмети бидејќи имал дополнителен ангажан во комисија.

Во судечкиот совет кој ја донесе оваа одлука беа судиите Јани Нича, Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева, Лидија Чачева.

Back to top button
Close