Арагчи: Нуклеарното оружје е неприфатливо
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека нуклеарното оружје е „неприфатливо“.
-Ако станува збор за нуклеарно оружје, да, ние, исто така, го сметаме овој вид оружје за неприфатливо, рече Арагчи во телевизиски говор.
Тој додаде дека Иран „се согласува по ова прашање“ со САД.
Во тек се нуклеарните преговори меѓу Иран и САД, а двете страни не се согласуваат по прашањето за збогатување на ураниум, што Иран го смета за свое право.