Арагчи: Трамп ја предаде дипломатијата – ја бомбардираше преговарачката маса од инает

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска на платформата Икс го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за „предавство на дипломатијата и на Американците што го избраа“ со тоа што започна напад за време на разговорите за нуклеарната програма на Иран.

„Кога сложените нуклеарни преговори се третираат како трансакција со недвижнини и кога големите лаги ја замаглуваат реалноста, нереалните очекувања никогаш не можат да се исполнат“, напиша Арагчи на Икс.

„Резултат? Бомбардирање на преговарачката маса од инает“, додаде иранскиот министер за надворешни работи

Back to top button
Close