Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот


– Дисциплинската комисија на ФИФА ги изрече казните за инцидентот по финалето и поразот од Шпанија со 0:1. Аргентинската репрезентација и нејзините фудбалери добија високи казни.

Најголема казна доби Леандро Паредес, кој доби суспензија од 10 натпревари, а неговиот соиграч од репрезентацијата Нахуел Молина доби забрана за настап на седум натпревари. Тиаго Алмада е казнет со еден натпревар, а помошниот тренер Ајала со три натпревари.

Казна има и за шпанскиот репрезентативец Гави, кој има суспензија од еден натпревар.

Паредес и Молина ќе треба да платат и парични казни во висина од 90.000 американски долари, а додека другите тројца Алмада, Ајала и Гави добија парични казни од 30.000 американски долари.

Суспензиите се однесуваат само за репрезентативни натпревари.

Аргентина ќе мора и два натпревара на домашен терен да игра без присуство на публика, додека Аргентинската федерација ќе треба да плати 250.000 американски долари.

Back to top button
Close