AРM – Два случаи на шуга потврдени кај војници во касарната во Велес
Два случаи на шуга се потврдени кај војници во велешката касарна. Како што информираат од АРМ, станува збор за двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, кај кои е дијагностицирана кожната болест „scabies“. Заразените војници се во изолација, а како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини се пуштени дома.






