Арсенал го враќа Ериксен во Премиерлигата

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристиан Ериксен би можел во јануари да се врати во Лондон, но не во редовите на Тотенхем каде мина седум сезони, туку во Арсенал, објави денеска италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.

Ериксен (28) во јануари годинава се пресели од Тотенхем во Интер, но не се снајде во Серија А. Данецот во 2020 година одигра само 37 натпревари за Интер, постигнувајќи четири голови, и се погласно размислува за враќање во Премиерлигата.

Весникот наведува дека голем интерес за Ериксен покажува вечниот ривал на Тотенхем, екипата на Арсенал, која минува низ голема резултатска криза и во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да ги засили своите редови.

Освен пари, Интер за реализација на трансферот ќе настојува да добие и еден играч од Арсенал, а италијанскиот прволигаш е заинтересиран за Гранит Џака и Дани Себалос.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close