Арсовска ќе ги достави во ОЈО доказите за дивоградбите во Чаир
Денека во 15.00 часот градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, ќе достави релевантни докази за дивоградбите во општина Чаир.
-За обезбедување фалсификати како доказ за постапка за што мора да постапува Јавното обвинителство по службена должност и да спречи компромитирање на доказен материјал, од Град Скопје пуштени се над 15 соопштенија за целата јавност и сите наводи се јавно објавени за кои обвинителството е добро запознаено видно од нивните изјави за медиуми.
Иако досега за милион постапки постапувале и по анонимни пријави и по допрен глас затоа што тоа им е обврска и должност, бидејќи по 10 дена повикување за постапување од целата јавност, морало името на градоначалничката да го имаат и формално за дополнително да ја малтретираат институционално место сторителите на кривичните дела и да ја стават во дополнителна опасност, таа бидејќи не се плаши од Висар Ганиу и Изет Меџити, денес ќе достави документација до Јавното обвинителство во надеж дека конечно ќе се постапи со цел обезбедување на доказите кои се обидуваат да ги уништат – стои во најавата од Град Скопје.