Асани: Благодарен сум што Стејт департментот ја признава и ја промовира нашата работа

– Одделот за Проучување и истражување на Холокаустот во рамките на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје (ИДКНА) по втор пат се споменува во извештајот на американскиот Стејт департмент, каде се зборува за прашањата околу Холокаустот во земјава.

Овој оддел, посочуваат од Институтот, се смета како една посебна институција од ваков вид во регионот, кој што официјално беше отворен од страна на Институтот во март 2019 година.

Директорот на ИДКНА, Скендер Асани на социјалните мрежи напиша дека е „многу благодарен што Стејт департментот на САД ја признава и ја промовира нашата работа и посветеност“.

Пред неколку дена, велат од Институтот, Стејт Департментот на САД во годишниот меѓународен извештај за верските слободи во Северна Македонија, решително го истакна придонесот на ИДКНА.

– Во март, Министерството за образование и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците го отворија Одделот за Истражување и проучување на Холокаустот. Дефинираните цели на одделот се заштита на верските слободи, промовирање на почитувањето на верската разноликост и поттикнување на меѓуверската соработка како алатка за борбата против антисемитизмот, се наведува во извештајот на Стејт Департаментот.

Back to top button
Close