Џастин Бибер ги отфрли наводите дека Диди сексуално го злоупотребувал
Џастин Бибер конечно проговори за гласините што го поврзуваат со американскиот рапер Шон Комбс, попознат како Диди, само неколку дена откако почна судењето на поранешниот музички магнат под обвинение за сексуални злосторства.
Диди (55) се соочува со низа кривични пријави, па меѓу обожавателите, откако почна сѐ тоа, се проширија стравувања дека Бибер (31) можеби бил една од жртвите раните свои години во музичката индустрија. Сепак, канадскиот поп-пејач вчера индиректно, но конкретно одрече дека бил жртва на Диди. Имено, извори блиски до пејачот за „Ти-ем-зи“ (TMZ) изјавија дека „Диди никогаш, на ниту еден начин, не го злоставувал“ Џастин.
„Иако Џастин не е меѓу жртвите на Шон Комбс, има луѓе кои тој навистина ги повредил. Пренасочувањето на фокусот од тој факт ја намалува борбата за правда што овие жртви со право ја заслужуваат“, додаде претставникот на младиот пејач