Атланта на чекор до титулата во американската бејзбол лига, овации за Трамп

Атланта Брејвс го совлада на својот стадион Хјустон Астрос со 3-1 во четвртиот натпревар од финалето во американската МЛБ бејзбол лига и поведе со 3-1 во серијата до четири победи.

Атланта би можела да ја освои својата четврта титула, и прва по 1995 година, веќе во ноќта меѓу понеделник и вторник кога повторно ќе биде домаќин на својот „Труст Парк“.

Четвртиот натпревар од финалната серија беше одигран пред 43.125 гледачи, што е рекордна бројка во историјата на стадионот во предградието на Атланта.

Меѓу присутните беа и поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Мелани, кои беа поздравени со овации од гледачите во дијаметрално спротивна слика од финалето во 2019 година во Вашингтон, кога тогашниот 45. американски претседател не беше добредојден на стадионот.

Back to top button
Close