АУДИО: Космички бранови кои звучат на птици детектирани на неочекувано место

Научниците детектираа космички бранови кои звучат како пеење на птици на неочекувано место.

Овие испади на плазма, наречени хорови бранови, вибрираат на истата фреквенција како човечкиот слух. Кога се претвораат во аудио сигнали, нивните остри ноти наликуваат на птичји повици.

Истражувачите претходно снимиле вакви звуци во вселената, но сега ги почувствувале брановите од многу подалеку: на повеќе од 100.000 километри од Земјата, каде што никогаш претходно не биле измерени.

Хорови бранови исто така биле забележани во близина на други планети, вклучувајќи ги Јупитер и Сатурн. Тие дури можат да создадат високоенергетски електрони способни да ги нарушат сателитските комуникации.

„Тие се едни од најсилните и најзначајните бранови во вселената“, изјави авторот на студијата, Ченгминг Лиу од Универзитетот Беиханг, преку е-пошта.

Новопронајдените хорови бранови беа детектирани во регион каде што магнетното поле на Земјата е издолжено, што научниците не го очекуваа. Тоа отвора нови прашања за тоа како се формираат овие звуци кои потсетуваат на пеење на птици.

Научниците шпекулираат дека магнетното поле на Земјата можеби има некаква врска со тоа.

 

 

 

 

Back to top button
Close