Авганистанските параолимпијци со меѓународна помош пристигнаа во Токио

Двајцата авганистански спортисти пријавени за настап на Параолимписките игри во Токио пристигнаа во јапонската престолнина во рамки на голема меѓународна операција, соопшти денеска Меѓународниот параолимписки комитет (IPC).

Закаи Худадади и Хосаин Расули беа евакуирани минатата недела од Кабул, откако Худадади преку видео повик побара помош по преземањето на власта во земјата од страна на талибанците.

Нивната евакуација заврши успешно и тие со комерцијален лет преку Париз пристигнаа во Токио.

Авганистанските спортисти во олимпиското село беа пречекани од претседателот на IPC, Ендрју Парсонс и други високи претставници.

– Средбата беше исклучително емотивна. Имаше многу солзи во просторијата. изјави портпаролот на IPC, Крег Спенс.

Закаи Худадади ќе биде првата жена од 2004 година која ќе го претставува Авганистан на Параолимписките игри и ќе настапи во таеквондо, додека атлетичарот Расули ќе настапи во трката на 400 метри.

Back to top button
Close