Авион кој полета од Белград за Москва, итно вратен по дојавата за бомба

Авионот „Ербас“ кој денеска полета од белградскиот аеродром за Москва итно е вратен во главниот град на Србија поради дојавата за бомба, дознава Телеграф.рс.

Според информацијата, по електронска пошта пристигнала порака дека во леталото имало експлозивна направа во моментот кога авионот бил во воздух.

Во авионот имало 209 патници и членови на екипажот. Авионот е веднаш евакуиран по слетувањето на белградскиот аеродром, а специјални тимови  го проверуваат авионот.

Како што дознава Телеграф.рс, на лице место е екипа за контрадиверзија на МВР на Србија и САЈ, а во авионот се трага со кучиња.

Авионот полетал од белградскиот аеродром нешто по 14 часот, за да биде пренасочен и набрзо вратен.

Авионот се вратил на белградскиот аеродром во 14.48 часот и веднаш бил пренесен на специјална позиција на пистата за преглед.

Back to top button
Close