Авион падна во Сава во Белград, граѓани го спасија пилотот!
Хидроавионот „Цесна 206“ паднал во реката Сава, во населбата Прогар, откако налет на силен ветер го принудил на неконтролирано слетување.

Граѓани кои биле во близина веднаш реагирале, пристапиле со чамци и успеале да го извлечат пилотот од студените води. Според првичните информации, авионот слетал на платформата, но поради налетот на ветрот се лизнал во реката и продолжил 300 метри низводно