Авион слета на плажа на Флорида

– Авион од периодот на Втората светска војна принудно слета во плитките води на фреквентната плажа Кокоа на Флорида, на само неколку метри од пливачите.

Откако виделе дека авионот слетува кон нив, оние кои се сончале на плажа веднаш снимале со мобилните, по што видеото заврши на социјалните мрежи.

Авионот што бил принуден да слета во плиткото, како што пренесува „Јутарњи лист“, е едномоторен „ТБМ Авенџер“ кој учествувал на аеромитинг во близина на плажата, имал механички дефект во текот на летот, но пилотот успеал да слета и да излезе од него.

„Спасувачките екипи брзо пристигнаа на местото на несреќата, а пилотот не беше повреден“, изјавија организаторите на аеромитингот.

Back to top button
Close